• среда, 25 декември 2024

Четири лица повредени во руски воздушен напад врз регионот на Киев

Четири лица повредени во руски воздушен напад врз регионот на Киев

Киев, 8 ноември 2024 (МИА) – Четири лица се повредени во руски воздушен напад врз Киевската област, соопшти шефот на регионалната државна администрација Руслан Кравченко.

Според него, четири лица се повредени од делови од соборени „непријателски цели“ за време на напад што бил извршен утрово врз Киев.

Како што прецизира Кравченко во објава на Фејсбук, повредени се возачи кои биле во автомобили во близина на местото каде што паднале делови од соборените дронови. Тие се здобиле со повреди од различен степен, а состојбата на еден од нив е тешка.

Повредените се хоспитализирани во локална болница, информира Кравченко.

Руските сили утринава извршија воздушни напади со ракети и дронови врз Харков и Киевската област, каде што дејствуваше украинската противвоздушна одбрана. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан