• понеделник, 23 декември 2024

Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија

Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија

Нион, 22 ноември 2024 (МИА) - Европскиот шампион и победник во Лигата на нации на УЕФА, Шпанија ќе игра против Холандија во четвртфиналето на најмладото натпреварување на УЕФА како гостин на 20 март, а потоа како домаќин во реваншот на 23 март 2025 година.

Второто дерби ќе го играат Италија и Германија, Хрватска повторно ќе ги вкрсти копјата со Франција, додека Данска за ривал ја има Португалија.

Победниците ќе се квалификуваат за завршниот турнир кој ќе се одржи од 4 до 8 јуни 2025 година, а домаќинот ќе биде одреден по четвртфиналните натпревари кога ќе бидат познати сите учесници.

Она што се знае се потенцијалните полуфинални двојки: Италија/Германија – Данска/Португалија или Холандија/Шпанија – Хрватска/Франција.

Лига на нации на УЕФА:

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Холандија - Шпанија

Хрватска - Франција

Данска - Португалија

Италија - Германија

Првите натпревари ќе се играат на 20 март, а реваншите на 23 март 2025 г.

ПОЛУФИНАЛЕ

Италија/Германија - Данска/Португалија

Холандија/Шпанија - Хрватска/Франција

Натпреварите ќе се играат на 4 јуни 2025 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан