• среда, 25 декември 2024

Четврта средба на папата Франциско со трансродови лица

Четврта средба на папата Франциско со трансродови лица
Рим, 11 август 2022 (МИА) - Папата Франциско вчера се сретна со четвртата група трансродови лица, кои нашле засолниште во Римокатоличката црква, соопшти денеска Ватикан. Заедницата на Пресвета Безгрешна Богородица во населбата Торвајаница на периферијата на Рим ги отвори вратите за трансродовите луѓе за време на пандемијата со Ковид-19. Претходно, папата Франциско имаше средба со трансродовите лица на 27 април, 22 јуни и на 3 август. Некои членови на ЛБГТ заедницата го пофалија папата за неговата работа со нивната заедница, иако тој силно се спротивстави на „родовата теорија“ и не го промени учењето на црквата дека хомосексуалните чинови се „суштински растроени“. Минатата година папата дозволи објавување на документ од Ватикан во кој се тврди дека Католичката црква не може да благослови истополови заедници бидејќи „Бог не може да го благослови гревот“. ми/

Остани поврзан