• недела, 24 ноември 2024

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата

Четворица кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата
Скопје, 19 септември 2021 (МИА) - На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба. Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата, наведуваат од МВР. фф/нд/

Тагови

Остани поврзан