• среда, 27 ноември 2024

Чествување за годишнината од смртта на Даме Груев во беровско Русиново

Чествување за годишнината од смртта на Даме Груев во беровско Русиново

Берово, 22 декември 2023 (МИА) - Во беровско Русиново денеска се одржа чествување по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Во рамки на настанот во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за животот и делото на Груев, а беше положено и свежо цвеќе пред неговиот споменик.

-Споменот за Даме Груев е вечен, неговиот лик и дело се гордост и затоа денес беше положено цвеќе пред бистата на Даме Груев, 
Водејќи се од девизата „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација, беше кажано во говорот пред присутните.

На настанот почит кон револуионерот Груев оддадоа, општинска делегација, претставници на институции здруженија на граѓани и други. 

Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу село Русиново. вс/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан