• среда, 25 март 2026

Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“.

Во рамките на настанот, како што информираат од локалната самоуправа, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки  ќе создадат уште една центарска приказна.

-Ги повикувам сите заинтересирани  да се пријават и да предложат програма што ќе ја доближи уметноста до граѓаните и ќе создаде уште една убава центарска приказна, порача Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата, а пријавите може да се достават по пошта или во Архива на Општина Центар. дма/са/

Деталите се достапни на  https://www.centar.gov.mk/za-gragjanite/povici/javni-povici

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан