• вторник, 12 ноември 2024

ЦУК: Планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, со хеликоптер е пренесен до ГОБ "8-ми Септември" каде е констатирана смрт

ЦУК: Планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, со хеликоптер е пренесен до ГОБ

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

- Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од "САЕ Тигар", е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ "8-ми Септември" во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК. аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан