• петок, 12 декември 2025

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, соопшти ЦУК.

Авионот, како што нагласуваат, е од марката „пајпер“ со регистрација N5005W и е наменет за превоз на четири лица. Двајцата патници во авионот од кои едниот е повреден се косовски државјани.вј/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан