• недела, 24 ноември 2024

Црна Гора: Препорака верските обреди да се вршат без присуство на граѓани

Црна Гора: Препорака верските обреди да се вршат без присуство на граѓани
Подгорица, 17 јули 2020 (МИА) - Црногорското Национално координативно тело за заразни болести им препорача на сите верски заедници на цела територија на земјата верските обреди да ги вршат без присуство на граѓани во храмовите. Тоа е соопштено по седницата, на која претседавал шефот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ. Бројот на активно заболени случаи од коронавирус во Црна Гора изнесува 1.582 лица. гт/

Остани поврзан