• сабота, 09 ноември 2024

Црна Гора домаќин на Самитот Брдо-Бриони

Црна Гора домаќин на Самитот Брдо-Бриони

Подгорица, 2 октомври 2024 (МИА) – Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на процесот Брдо-Бриони на 7 и 8 октомври ќе се одржи во црногорскиот град Тиват, а домаќин на средбата ќе биде претседателот Јаков Милатовиќ.

На Самитот ќе се разговара за подобрување на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европска Унија.

- Самитот во рамките на процесот Брдо-Бриони е можност за зајакнување на добрососедските односи и зајакнување на регионалната соработка, како и за изразување на потребата од зајакнување на стратешкиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението од кабинетот на Милатовиќ.

Процесот Брдо-Бриони е заедничка иницијатива на Словенија и на Хрватска, што почна во 2010 година, создадена со цел да ја зајакне меѓусебната доверба и да им помогне на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.

Членови на иницијативата се Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан