• понеделник, 30 декември 2024

Црна Гора го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради трагичниот инцидент во училиште во Загреб

Црна Гора го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради трагичниот инцидент во училиште во Загреб

Подгорица, 21 декември 2024 (МИА) - Владата на Црна Гора го прогласи 23 декември 2024 година за Ден на жалост во врска со трагичниот настан во училиште во Загреб, соопшти премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

„Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на починатото дете и се молиме за брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со нашите соседи“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа Х.

Во страшното злосторство што вчера ја потресе Хрватска и регионот, загина седумгодишно дете, а неколку други и наставничка се тешко повредени кога 19-годишен напаѓач вооружен со нож упадна во основно училиште во Загреб.

Меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие. зш/

Остани поврзан