• четврток, 05 март 2026

Црквата на Светиот гроб во Ерусалим затворена поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток

Црквата на Светиот гроб во Ерусалим затворена поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток

Ерусалим, 4 март 2026 (МИА) - Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е затворена од безбедносни причини бидејќи тензиите во Израел продолжуваат да се заоструваат по заедничкиот американско-израелски напад врз Иран, кој почна во саботата, 28 февруари, и ескалира во поширок конфликт на Блисикиот Исток, известува грчкиот црковен портал „Ортодокс тајмс“, а пренесува „Литургија.мк“.

Ерусалимската патријаршија соопшти дека поради овие случувања, Великопосната (Умилителна) вечерна богослужба од првата недела на великиот пост (16 февруари/1 март 2026 година) не беше отслужена на вообичаеното место - во сè уште затворената црква на Светиот гроб. Наместо тоа, богослужбата се одржа во патријаршискиот и манастирски храм на светите Константин и Елена, храмот на Братството на Светиот гроб. 

Затворањето на најсветото место на христијанството ја нагласува сериозноста на тековните безбедносни закани и ја одразува пошироката нестабилност што го зафаќа регионот, пишува „Ортодокс тајмс“.са/

Фото: Ерусалимска патријаршија

Остани поврзан