Цивилна одбрана на Газа: Седуммина загинати во израелски напад врз болница
- Цивилната одбрана на Газа денеска соопшти дека најмалку седум лица загинале во напад на болница во која, според израелската армија, биле борци на палестинската исламистичка организација Хамас.
Газа, 29 декември 2024 (МИА) - Цивилната одбрана на Газа денеска соопшти дека најмалку седум лица загинале во напад на болница во која, според израелската армија, биле борци на палестинската исламистичка организација Хамас.
„Во израелскиот напад на горниот кат на болницата Ал-Вафа во централниот дел на градот Газа, неколку луѓе се ранети“, се додава во соопштението.
Израелската војска соопшти дека извршила „целен напад“ врз единицата за воздушна одбрана на Хамас што го користела објектот како команден центар „за подготовка и извршување терористички напади“.
Се додава дека зградата во моментов не се користи како болница, а Министерството за здравство на Хамас соопшти дека објектот е „делумно функционален“.
Нападот на болницата Ал-Вафа уследи еден ден по завршувањето на големата израелска операција во која, според Светската здравствена организација, последната голема болница на северот на Газа, „Камал Адван“, беше ставена надвор од функција.
Израелската армија го уапси директорот на болницата, д-р Хосам Абу Сафија, за кого се сомнева дека е екстремист на Хамас.
Израел на 6 октомври ја засили воздушната и копнената офанзива во северниот дел на Појасот Газа за да спречи прегрупирање на борците на Хамас. паг/
Фото: МИА архива