• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Цветаноски: Откако Таравари беше фатен во обид за криминал треба да одговара и да поднесе оставка

Цветаноски: Откако Таравари беше фатен во обид за криминал треба да одговара и да поднесе оставка

Скопје, 12 март 2025

Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар.

Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн. 

Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност. 

Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата на Мицкоски преку огласот на Министерството за здравство сама се согласила државата да се откаже од 99% од профитот и да добива само 1%.

Ова е основа за корупција и доказ дека дека се основани сомнежите дека огласот бил однапред правен токму за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите.

Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка.

СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Таравари и целосна истрага од институциите. 

Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка. 

Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании.

Одговор на новинарско прашање, Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ

ДПМНЕ застана на браникот против работниците кои бараат достоинствен приход

Оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот. Работниците, кои се темелот на секое општество, се нападнати затоа што бараат само едно – фер и достојна плата.

ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат гласот против неправдите.

Целта е јасна – да се заплашат работниците и сите што бараат правда. Да се создаде атмосфера во која никој повеќе нема да се осмели да побара нешто што оваа власт не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ битка против секој што се осмелува да бара подобар живот, против секој што се спротивставува на диктатот на ДПМНЕ.

Во минатото, ВМРО-ДПМНЕ глумеше поддршка за работниците, но сега вистинското лице е откриено. Ги користеа кога им требаа за политичка пресметка, а сега сакаат да ги замолчат засекогаш.

Но, лагите и заканите нема да ги спречат работниците да се борат. СДСМ останува доследна и ќе продолжи да ги поддржува сите што бараат правда. ВМРО-ДПМНЕ сака да создаде тишина и страв, но тоа нема да се случи. Работниците нема да бидат замолчени. СДСМ ќе биде тука, во оваа борба, сè додека секој работник не добие плата со која може да живее.

 

Прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ

СДСМ -  Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан