• четврток, 26 декември 2024

Хјустон ќе го повлече дресот со бројот 13 што го носеше Харден

Хјустон ќе го повлече дресот со бројот 13 што го носеше Харден
Хјустон, 3 март 2021 (МИА) - Сопственикот на Хјустон рокетс, Тилман Фертита, изјави дека ќе го повлече бројот 13 со кој настапуваше поранешниот член на Рокетс, Џејмс Харден. - Харден секогаш ќе биде дел од ракетите. Ќе го отстраниме неговиот број од оптек. Тој ги направи моите први три години во клубот незаборавни. Успехот што го донесе во тимот за сите осум години и сеќавањето што ќе остане кај навивачите е незаборавно, истакна Фертита. Харден играше за Хјустон од 2012 до 2021 година. Во 2018 година тој стана најкорисен играч во НБА. Во јануари, 31-годишниот Американец беше тргуван во Бруклин. зс/

Остани поврзан