• среда, 25 декември 2024

Хуманитарна акција на „Банка за храна“ за засегнатите од пожарите и екипите што се вклучени во справувањето

Хуманитарна акција на „Банка за храна“ за засегнатите од пожарите и екипите што се вклучени во справувањето
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Невладината организација „Банка за храна“ започнува со хуманитарна акција за помош на волонтерите и дежурните екипи што се вклучени во секојдневните акции за смирување на пожарите на територијата на државата, како и поддршка за жителите од загрозените подрачја. Како што информираат од Општина Центар, сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании што сакаат да се вклучат во хуманитарната акција, може да ги остават своите донации во општината, секој работен ден од 8 до 15 часот, или да се јават на телефонскиот број 076 313 383. Дополнуваат дека „Банка за храна“ во соработка со Општина Центар, до сега има обезбедено пакети со вода и прехранбени производи со поддршка од општествено одговорни компании и хумани граѓани и апелираат до сите граѓани и компании да се вклучат во хуманитарната акција која започнува во понеделник и заеднички да помогнеме за полесно справување со алармантната ситуација. ар/сп/

Остани поврзан