Хуманитарната помош за Газа вратена на Кипар по убиството на седуммината работници на WCK
- Британските медиуми јавуваат дека неиспорачаната помош беше дел од пратката од околу 340 тони хуманитарна помош испратена во Газа од Кипар на 30 март.
Ларнака, 4 април 2024 (МИА) - По смртта на седуммината работници на Светската централна кујна (WCK) за време на израелски воздушен напад во понеделникот вечерта, бродскиот конвој со 240 тони неиспорачана хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа е вратен на Кипар.
Британските медиуми јавуваат дека неиспорачаната помош беше дел од пратката од околу 340 тони хуманитарна помош испратена во Газа од Кипар на 30 март.
Хуманитарните работници беа убиени во Газа за време на израелски напад токму кога завршија со истоварот на околу 100 тони помош од шлепер што, исто така, беше испратен од Кипар.
WCK беше активна во Газа од октомври, но по убиствата на персоналот беше одлучено да се прекинат сите натамошни активности и да се вратат бродовите со хуманитарна помош на Кипар.сд/
фото:МИА архива