• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Христодулидис: Самитите со учество на само некои земји-членки на ЕУ не придонесуваат за единството во Унијата

Христодулидис: Самитите со учество на само некои земји-членки на ЕУ не придонесуваат за единството во Унијата

Никозија, 6 март 2025 (МИА) – Сите овие самити со учество на само некои земји-членки на ЕУ, не придонесуваат за единството што треба да го покажеме како ЕУ, порача кипарскиот претседател Никос Христодулидис при пристигнувањето на вонредниот Европскиот совет во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис истакна дека во однос на Украина, она што е важно е „ставање крај на војната, почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на земјата“, нагласувајќи дека „ЕУ треба да биде протагонист во овој напор“, но и дека самитите со учество само на одредени земји не помагаат, посочувајќи дека „веќе имаме некои држави во ЕУ кои реагираат“.

- Не можам да не го забележам фактот дека Турција, на пример, е поканета на вакви самити, а Турција е земја, која постојано ги крши европските санкции против Руската Федерација. Во суштина, Турција ги искористува европските санкции против Русија во своја полза, а во исто време е поканета на самити за поддршка на Украина. Значи, како ЕУ, повторувам, неопходно е единството на ЕУ, што е најсилната карактеристика што ја имаме, да ја зачуваме и да ја покажеме на дело, истакна Христодулидис.

Паралелно се запраша „како земја која незаконски има окупирано европска територија, може да игра каква било улога во прашањата за безбедност и гаранции?“

Во однос на европската одбрана, Христодулидис изрази задоволство што ќе се разговара за конкретното прашање, но и надеж дека денеска ќе се отвори патот за преземање конкретни одлуки и потсети дека „Република Кипар, заедно со другите земји-членки, со Грција и Франција, веќе извесно време ја поддржуваат потребата ЕУ да ги зајакне одбранбените способности на ЕУ“. ср/сд/

Фото: Кабинет на кипарскиот претседател

Остани поврзан