• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

Сараево, 19 март 2025 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН.

Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската дипломатка Розмари ди Карло.

Порталот наведува дека делегацијата на БиХ во ОН, предводена од амбасадорот Златко Лагумџија ги координира активностите и со европските држави (Велика Британија, Франција, Данска, Словенија и Грција) кои бараат остар одговор на чекорите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Делегацијата имала состаноци и со непостојаните земји-членки, меѓу кои Гвајана, Панама, Сомалија и Пакистан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан