• сабота, 27 јули 2024

Холандија го избра претставникот за „Евровизија“

Холандија го избра претставникот за „Евровизија“

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Joost Klein ќе ја претставува Холандија на музичкиот натпревар „Евровизија“ што ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.

Како што пишува на официјалната веб-страница на „Евровизија“, тој бил избран од над 600 потенцијални изведувачи.

- Да бидам дел од натпреварот е остварување на мој сон. Го гледав заедно со моите родители, „залепен“ на екранот, година за година. Чест е да се претставува Холандија и јас сум посветен да дадам сѐ за најдобриот можен исход, изјавил тој откако дознал дека ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“.

Станува збор за 26-годишен музичар, писател и артист. Минатото лето, тој имал број 1 хит во Германија, Швајцарија и во Австрија со „Friesenjung“. Песната исто така била многу слушана и во Италија и во Украина. бд/бак/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан