• четврток, 26 декември 2024

Рајан Рејнолдс сосем случајно го откри името на своето четврто дете

Рајан Рејнолдс сосем случајно го откри името на своето четврто дете

Лос Анџелес, 25 јyли 2024 (МИА) - Холивудската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го откри името на четвртото дете, и тоа - сосем случајно, за време на њујоршката премиера на новиот филм на канадскиот глумец - „Дедпул и Вулверин“ (Deadpool & Wolverine), којашто се случи неделава.

Имено, пред главната киносала во Њујорк, Рејнолдс, одговарајќи на новинарски прашања, ѝ се заблагодари, пред сѐ, на сопругата и на нивните четири деца...

- Сакам, на почетокот, да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга - Блејк, која е тука... Потоа, сакам да им се заблагодарам на моите деца: Џејмс, Инез, Бети, Олин, кои се тука... Се надевам дека, ако имам среќа, овој миг ќе биде најтрауматичното нешто - односно содржината на овој филм, што се случило во вашиот чудесен живот. Обожавам што целото мое семејство е тука!, истакна глумецот.

Лајвли и Рејнолдс се родители на ќерките Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4), како и на четвртото дете - Олин, кое го добија минатата 2023 година.

Инаку, новиот суперхеројски филм со Рејнолдс и неговиот близок пријател Хју Џекмен, е добро прифатен и кај публиката и кај критиката. На ИМДБ, гледачите засега го оценуваат со просечна оценка 8,3 / 10, а на „Ротен томатос“, каде што сѐ уште има само оценки од критиката, овој филм е препорачан од 81 отсто од критичарите.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан