Херта остана без тренерот Лабадија
- Бундеслигашот Херта објави крај на соработката со тренерот Бруно Лабадија. Следејќи го стручњакот, управниот директор Мајкл Прец исто така го напушти тимот.
Берлин, 24 јануари 2021 (МИА) – Бундеслигашот Херта објави крај на соработката со тренерот Бруно Лабадија. Следејќи го стручњакот, управниот директор Мајкл Прец исто така го напушти тимот.
Раководството на германскиот клуб реши да му врачи отказ на тренерот по вчерашниот висок пораз од Вердер Бремен (1:4).
До крајот на тековната сезона, за спортски директор е назначен Арне Фридрих. Претходно беше објавено дека местото на 54-годишниот тренер може да го заземе Пал Дардаи, кој работеше со тимот од Берлин од 2015 до 2019 година.
Лабадија ја предводеше Херта од април 2020 година. Тимот во моментов е на 14. место во поредокот на германскиот шампионат со 17 бода. зс/