• недела, 24 ноември 2024

Хелсиншки комитет со отворена канцеларија за пријави на повреда на избирачко право

Хелсиншки комитет со отворена канцеларија за пријави на повреда на избирачко право

Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) - Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори.

Хелсиншкиот комитет ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ број 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација, изборна единица и број на гласачко место, како и време на настанување на повредата на избирачкото право.

Од Хелсиншкиот комитет информираат дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно, а сите пријави ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата. ар/дма/

Остани поврзан