• среда, 25 декември 2024

Хеликоптери и денеска дејствуваат на пожарите во охридско, Пецаков оптимист дека во текот на денот ќе биде изгаснат пожарот над село Косел

Хеликоптери и денеска дејствуваат на пожарите во охридско, Пецаков оптимист дека во текот на денот ќе биде изгаснат пожарот над село Косел

Охрид, 5 август 2024 (МИА) – Два хеликоптери од рано изутринава дејствуваат на опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи ги пожарите над селата Косел и Опеница.

Од воздух се дејствуваше и вчера во текот на целиот ден, со хеликоптери и со три авиони ер-трактор.

На терен се распоредени и екипи на Територијатната противпожарна единица, на општинските јавни претпријатија, на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“, како и месното население во обид да се контролираат пожарите.

Со механизација направен е појас околу најкритичните места, за да се спречи ширење на пламенот од сртовите што се покриени со нискостеблести растенија кон боровата шума што доколку биде опожарена мошне тешко се гаси.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, очекува во текот на денешниот ден да биде изгасен пожарот над селото Косел.

„Состојбата со пожарот во Охридско денеска е добра благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух, кои продолжуваат. Треба денес да завршиме или целосно да го ставиме под контрола, истакна Пецаков.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, вчера било дејствувано на потегот кај Илинска Планина, како и на четири точки на потегот над селата Косел-Расино-Опеница-Вапила. аб/са/

Фото: ТППЕ Охрид

Остани поврзан