• сабота, 23 ноември 2024

Хап: Се е полесно кога го имаш Димитријевиќ за соиграч

Хап: Се е полесно кога го имаш Димитријевиќ за соиграч

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап искажа пофални зборови за плејмејкерот Ненад Димитријевиќ. Двајцата беа најзаслужни за победата над Полска остварена вчеравечер на гостински терен. 

-Селекторот одлично нè подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа како игра, рече Хап на собирот со новинарите по крајот на овој натпревар.

Хап средбата ја заврши со 31. индексен поен до кои дојде со реализација на 19 поени, 7 скока, 5 асистенции, 5 освоени топки за 34:28 минути во игра,

Ова беше прва победа за македонските кошаркари по две одиграни кола во квалификациите за Европското првенство 2025. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан