• сабота, 23 ноември 2024

Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад

Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад

Букурешт, 12 февруари 2024 (МИА) - Во 15 болници во Романија, по кибер напад утрово, медицинските услуги не можат да се регистрираат, а итните служби се полни со пациенти, пренесуваат романските медиуми.

Меѓу 15-те болници, најмалку три се од Букурешт. Станува збор за Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, Клиничкиот завод „Фундени“ и Ургентната болница „Багдасар-Арсени“.

Системот за медицински услуги во овие медицински установи е од ИТ компанија чиј сервер беше нападнат утрово.

Останува да се утврди како ќе се пријавуваат и регулираат овие услуги, бидејќи доколку не можат да се внесат во системот, болниците нема да можат да добиваат пари од Фондот за здравствено осигурување.

Официјално соопштение или реакција од надлежните се уште нема. Но, раководителите на медицинските установи потврдија дека системот не функционира. паг/

Фото: Википедија

 

 

 

Остани поврзан