• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хамас ослободи две заложнички со руско државјанство

Хамас ослободи две заложнички со руско државјанство

Тел Авив, 29 ноември 2023 (МИА) - Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, бригадите Ал Касам, денеска ослободија две Израелки со руско државјанство.

Како што соопштија бригадите Ал Касам на Телеграм, ослободувањето на двете заложнички е направено во знак на благодарност за ставовите на рускиот претседател Владимир Путин.

Израелските државјанки, кои имаат и државјанство на Руската Федерација, се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан