• среда, 27 ноември 2024

Хакими потпиша со Реал до 2023 година

Хакими потпиша со Реал до 2023 година
Дортмунд, 4 април 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Ашраф Хакими го продолжи договорот со тимот до летото 2023 година, според „Марка“. Како што е познато, тој во моментов игра во Борусија Дортмунд како отстапен играч до крајот на сезоната. Со своите импресивни настапи со „жолто-црниот“ дрес во текот на последните две кампањи, Мароканецот има освоено голем број на почитувачи меѓу европските гиганти, вклучувајќи ги Баерн Минхен и Јувентус. Сепак, со новиот договор, Реал Мадрид има за цел да ја отежни преселбата во друг клуб, бидејќи тоа ќе треба да се направи со нивна согласност. Мадрид веројатно нема да се раздели со младиот дефанзивец бидејќи се уверени дека ќе можат да се потпираат на него во наредните 10 години. Менторот на тимот Зинедин Зидан му верува на Хакими, а под негово водство играчот го направи своето деби во Ла Лига во 2017/18 година, запишувајќи девет шампионски натпревари за време на оваа кампања, се додава во публикацијата.

Остани поврзан