• петок, 27 декември 2024

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

 

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) – Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа.

За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место.

Пласман во нокаут фазата од оваа група обезбедија Мелсунген, кој во Скопје го претрпе првиот европски пораз, како и Порто, кој два пати го совлада Вардар во групната фаза.

До втората европска победа Вардар 1961 вечерва го предводеа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманчиќ со шест голови.

Одлична партија на голот на „црвено – црните“ прикажа Мигуел Фереира, кој запиша 15 одбрани. ег

ФОТО: РК Вардар 1061/Фејсбук

Остани поврзан