• сабота, 21 декември 2024

ФФМ в петок ќе донесе одлука за „случајот Христовски“

ФФМ в петок ќе донесе одлука за „случајот Христовски“

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) – Комисијата за натпреварувања на ФФМ за в петок ја закажа седницата на која ќе донесе одлука дали фудбалерот Гордијан Христовски имал право да настапи за Гостивар во воведното коло од пролетниот дел од сезоната во Втората лига на кој актуелниот лидер триумфираше над Пехчево со 1-0.

Настапот на Христовски го обжалија Вардар и Локомотива, наведувајќи дека Христовски оваа сезона веќе бил регистриран во три клубови (Тетекс, Силекс и Скопје), и немал право да настапи за Гостивар, бидејќи пропозициите на ФФМ дозволуваат до најмногу три регистрации на играч во една сезона.

- Комисијата за натпреварувања на ФФМ ќе одлучува по случајот „спорна регистрација на фудбалер на ФК Гостивар“, откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација, согласно прописите од Правилникот за натпреварување. Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана за в петок, соопшти поплднево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Гостивар е лидер на табелата во второлигашката конкуренција со 40 бодови, три повеќе од Вардар на второто и Воска на третото место, а евентуално поништување на регистрацијата на Христовски, според правилникот, ќе значи службен пораз на гостиварскиот второлигаш и одземање од три до девет бодови. ег/сст/

фото лого ФФМ

Остани поврзан