• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сити пронајде замена за Родри во Милан

Сити пронајде замена за Родри во Милан

Манчестер, 20 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да донесе замена за повредениот Родри. Најголема желба на Каталонецот е клубот да се засили со играчот на Милан - Тијани Рајндерс.

Холанѓанецот се претставува многу силно за „росонерите“, па Гвардиола верува дека ќе биде совршен за неговиот стил на игра.

Италијанскиот гигант не сака да се откаже од неговите услуги, но Манчестер Сити е подготвен да понуди 60 милиони фунти за играчот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан