• среда, 25 декември 2024

Францускиот предлог за Република Северна Македонија содржи голем дел од бугарските барања, смета Радев

Францускиот предлог за Република Северна Македонија содржи голем дел од бугарските барања, смета Радев
Софија, 25 јуни 2022 (МИА/БТА) - Францускиот предлог за Република Северна Македонија содржи многу од основните бугарски барања, но можеше да биде многу подобар доколку нашите политичари посветеа поголемо внимание на овој процес. Ова пред новинарите го изјави претседателот Румен Радев, кој присуствуваше на прославата на 110-годишнината од првиот борбен лет на бугарската борбена авијација во воздухопловната база „Граф Игнатиево“. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Според Радев, дипломатите на бугарското МНР главно се потпирале на претседателската институција, трошејќи време и енергија за да ја стават во прифатливи рамки „дивергентната политика“ на бугарскиот премиерот Кирил Петков. Шефот на бугарската држава потсети дека долго време инсистирал македонските Бугари да бидат вклучени во Уставот на земјава. - Факт е дека тоа беше прифатено од француското претседателство со Советот на ЕУ, но парадоксално е што беше полесно да се убедат францускиот претседател и европските лидери, отколку бугарскиот премиер, чиј кабинет не ни презеде одговорност за неговите постапки и не остави доволно време институциите и општеството да се запознаат со случајот, смета Радев. - Што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, учебниците и против јазикот на омразата, кои се бранат во билатералниот протокол, вчера пратениците гласаа бланко за нешто со што многумина од нив никогаш не успеаја да се запознаат, што дефинитивно е не ги обезбедува потребните механизми, рокови и критериуми за заштита и кои ќе ги остават следните бугарски влади во сегашната ситуација да водат неплодни спорови со македонската страна, додаде Румен Радев. Шефот на бугарската држава рече дека на последниот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) инсистирал вклучувањето на македонските Бугари во Уставот да биде задолжителен услов за почеток на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. - Премиерот Петков, неговите министри и сите партии учеснички, со исклучок на една - Има такви народ, го одбија овој предлог и го прифатија дури кога дојде преку претседателот Макрон, рече Радев. Румен Радев го коментираше и интервјуто на премиерот Кирил Петков за британскиот весник „Гардијан“, кое предизвика многу реакции во Бугарија. - Прво, премиерот лично призна дека Бугарија извезува оружје во Украина. Второ, во својата желба да ме нападне, тој ја „застрела“ госпоѓа Нинова, која ја предводи комисијата одговорна за издавање дозволи за ова оружје, смета бугарскиот претседател. Шефот на бугарската држава на војниците на бугарското Воено воздухопловство им ја честиташе 110-годишнината од првиот борбен лет на борбена авијација. БТА ___________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан