• вторник, 12 ноември 2024

Франција бара од Израел веднаш да ги прекине нападите врз Либан

Франција бара од Израел веднаш да ги прекине нападите врз Либан

Париз, 29 септември 2024 (МИА) - Франција денеска побара веднаш да прекинат израелските напади врз Либан и во соопштението укажа дека нејзиното Министерство за надворешни работи е против секаква копнена операција во таа земја.

„Се повикуваат други фактори, посебно (исламистичкото либанско движење) Хезболах и Иран да се воздржат од секаква акција која може да доведе до дополнителна дестабилизација и ширење на конфликтот во регионот“, се вели во соопштението.

Израелската војска минатиот понеделник почна со кампања за бомбардирање на Хезболах во Либан, по една година размена на оган преку границата меѓу јужен Либан и северен Израел, што предизвика населението во северен Израел да избега на југ за да се засолни.

Армијата соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен вчера во воздушен напад во близина на Бејрут.

„Безбедноста и заштитата на цивилите во Либан, како и во Израел треба да бидат гарантирани“, соопштено е во Париз, но името на Насрала не беше спомнато. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан