• недела, 24 ноември 2024

Формирање комисии и апанажи на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Формирање комисии и апанажи на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја одржи втората седница.

На дневен ред се утврдување Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, 
 Разгледување на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешни пратеници, како и барање за плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители. ев/мд/

 

Остани поврзан