• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс

Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс

Лондон, 27 февруари 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со кралот Чарлс за време на нејзината посета на Велика Британија за да ги финализира преговорите со британската влада за новиот договор за трговските правила за Северна Ирска по Брегзит.

Комисијата потврди дека Фон дер Лајен ќе се сретне и со кралот Чарлс.

„Кралот е среќен што ќе се сретне со кој било светски лидер што ќе ја посети Велика Британија, а владата советува да го стори тоа“, рече портпаролот на Бакингемската палата.

За време на посетата Фон дер Лајен ќе разговара со премиерот Риши Сунак, по што се очекува да објави нови трговски услови за решавање на спорот за Северна Ирска.

Портпаролот на Комисијата рече дека тема на средбата со Сунак ќе биде протоколот за Северна Ирска, додека средбата со кралот „не е дел од тој процес“. паг/

 

Остани поврзан