Фон дер Лајен и Мецола во посета на Израел
- Во кусото соопштение се додава дека целта на посетата е „да изразат солидарност со жртвите на терористичките напади на Хамас“.
Брисел, 13 октомври 2023 (МИА) – Претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола денеска ќе го посетат Израел, соопшти ЕК.
Во кусото соопштение се додава дека целта на посетата е „да изразат солидарност со жртвите на терористичките напади на Хамас“.
Предвидено е Фон дер Лајен и Мецола да се сретнат и со претставници на израелските власти. сп/
Фото: ЕУ