• недела, 06 октомври 2024

Флоренци пристигна во Париз

Флоренци пристигна во Париз
Париз, 11 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Рома, Алесандро Флоренци пристигна во Париз, стои на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, 29-годишниот Италијанец долетал до престолнината на Франција за да биде подложен на лекарски преглед пред да потпише за Пари Сен-Жермен. Објавено е дека играчот ќе се префрли во тимот на позајмица до крајот на сезоната 2020/21. Последните шест месеци, Флоренци беше на позајмица во Валенсија, играше на 12 првенствени натпревари во Шпанија. Според порталот „Transfermarkt“, проценетата цена на дефанзивецот е 10 милиони евра. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан