Флик: Не би можел да останам во Барселона 10 години
- Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Но, Германецот сака да остане со двете нозе на земја.
Барселона, 23 ноември 2024 (МИА) - Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Но, Германецот сака да остане со двете нозе на земја.
Со доаѓањето на Флик, Барса повторно стана атрактивна и многу смртоносна, со сериозни шанси да освои барем еден голем трофеј на крајот од сезоната, било да е тоа Ла Лига или Лигата на шампионите. Нормално, еуфоријата ја зафати Каталонија и веќе се шпекулира дека Флик треба да работи подолго време на „Камп Ноу“.
На прашањето дали може да се замисли во Барселона во следните 10 години, Флик сепак одговори негативно.
- Да останам 10 години во еден клуб? Мислам дека не можам да останам на едно место толку долго. Имам четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме – рече Флик.
Барселона моментално е лидер во Шпанија, а одлично притиска и во Лигата на шампионите. дс
Фото: Архива