• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФК Струга: Нападот врз Радески не е поврзан со Шкендија

ФК Струга: Нападот врз Радески не е поврзан со Шкендија

Струга, 10 април 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум потврди дека нивниот фудбалер Марјна Радески бил нападнат, но ги отфрли шпекулациите дека инцидентот е поврзан со ФК Шкендија.

- На јавноста сакаме да и појасниме дека инцидентот што денеска му го направија на нашиот играч Марјан Радески по мечот со Шкендија, дури и откако самиот играч им го објаснил на органите на прогонот, нема никаква врска со фудбалот воопшто, а уште помалку со КФ Шкендија од Тетово, ниту со навивачите.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на тимот домаќин, кој како и секогаш се грижи за гостопримството на нашиот клуб, раководството и навивачите, стои во објавата на стружани.

Натпреварот одигран вчера во Тетово беше прв од полуфиналето во Купот на Македонија и заврши со победа на Струга со 2:1. зс/

Фото: ФК Струга

Остани поврзан