Финале на Дебатниот турнир за млади на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“ на МОФ и ИКС
- Повеќе од 20 средношколци од целата држава ќе дебатираат на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“ во рамките на финалето на Дебатниот турнир за млади кој го орг
Скопје, 30 октомври 2021 (МИА) - Повеќе од 20 средношколци од целата држава ќе дебатираат на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“ во рамките на финалето на Дебатниот турнир за млади кој го организира Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии.
На дебатниот турнир, кој ќе се реализира во форматот на Британска парламентарна дебата, на зададената теза, во тимови на две страни - влада и опозиција, младите дебатери ќе имаат можност практично да ги применат знаењата стекнати од дебатната програма на МОФ, а победниците да станат предавачи и да учествуваат на меѓународни турнири.
Турнирот кој е дел од кампањата „Разбистри сѐ“ се одржува денеска во „Europe House“ - Скопје. ар/сп/