• четврток, 26 декември 2024

Финале во двојки за Ѓорческа во Лиепаја

Финале во двојки за Ѓорческа во Лиепаја

Лиепаја, 7 јули 2023 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на двојки заедно со Чагла Бујукакчај од Турција на фјучерсот во летонскиот град Лиепаја што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонско-турската комбинација денеска во полуфиналето ги победија третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија со 2-1 во сетови.

Ова за Ѓорческа ќе биде второ финале во дубл откако победи со Словенката Вероника Ерјавец на турнирот во Сплит.

Утре во финалето ќе играат против домашните тенисерки Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман, кои со 2-0 во сетови ги победија вторите носителки Вивиан Хеисен од Германија и Валерија Страхова од Украина. ег/сх/ 

ФОТО: МТФ

 

Остани поврзан