• сабота, 21 декември 2024

Фетел: Меѓу мене и Ферари нема повеќе љубов

Фетел: Меѓу мене и Ферари нема повеќе љубов
Берлин, 19 ноември 2020 (МИА) - Возачот на Ферари, Себастијан Фетел зборуваше за тоа како се промениле неговите односи со тимот по објавувањето на неговото заминување на крајот на сезоната 2020. - Ова е тешка сезона за мене. Почнав да се сомневам во себе затоа што не можев да постигнам успешни резултати. Од моментот кога стана познато дека го напуштам тимот, ситуацијата беше сосема поинаква. Јас не сум вклучен во тимот како порано. Не сакам да кажам дека трошам време тука, но најважно за мене сега е иднината. Мојот однос со Ферари се олади, повеќе нема љубов меѓу нас. И покрај ова, сакам да се докажам во преостанатите трки од сезоната, изјави Фетел за „Welt“. Во неделата, на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Турција, Фетел го освои 3. место. зс/

Остани поврзан