Фестивал „Гласот на гајдата“ вечер во библиотеката „Браќа Миладиновци"
- Прв фестивал на гајдата во Македонија, насловен „Гласот на гајдата“, ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје.
Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Прв фестивал на гајдата во Македонија, насловен „Гласот на гајдата“, ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје.
Иницијатор и организатор е Стефче Стојковски кој изјави дека фестивалот е посветен само на гајдата и гајдаџиите и дека вечер ќе настапат неколку генерации на гајдаџии - татковци и синови, дедовци и внуци.

-Фестивалот е ревијален карактер, влезот е слободен и бесплатен. На првото издание на фестивалот ќе настапат: Ратко и Филип Златановски, Горанчо и Александар Ангелов, Синиша и Теодор Грујоски, Стефче Стојковски и Теодор Стојановски - Катин, Гоце Димовски и Љупчо Најдоски, информира организаторот на фестивалот. хс/дма/
Фото: Фестивал „Гласот на гајдата“