• сабота, 27 јули 2024

Ферари му нуди на Леклер петгодишен договор, со Сајнц сакаат да го продолжат договорот само една година

Ферари му нуди на Леклер петгодишен договор, со Сајнц сакаат да го продолжат договорот само една година

Рим, 4 декември 2023 (МИА) – Раководството на Формула 1 тимот Ферари води преговори со Шарл Леклер и Карлос Сајнц за нови договори.

Според „La Gazzetta dello Sport“, во Ферари сакаат да го затворат прашањето за потпишување нови договори со двајцата нејзини возачи оваа вонсезона.

Во случајот со Леклер, се дознава дека станува збор за договор на пет години. Сегашниот договор му истекува на крајот на 2024 година.

Новиот договор вклучува опција предвремен раскин во третата година. Договорот подразбира и годишно зголемување на платата. Леклер моментално заработува 25 милиони евра годишно во Ферари. Доколку Леклер го одработи новиот договор до крај, неговата плата во последните години ќе се зголеми на 50 милиони.

Истовремено, во однос на Карлос Сајнц, чиј актуелен договор исто така важи до крајот на 2024 година, Ферари избра поинаква тактика. Изданието забележува дека Ферари сака да ја задржи можноста да добие друг партнер за Леклер и во моментов му нуди на Сајнц да го продолжи договорот за уште една сезона - до крајот на 2025 година. 

Главна цел на Ферари е Ландо Норис, чиј актуелен договор со Мекларен исто така важи до крајот на 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан