• вторник, 12 ноември 2024

Фелипе Шести: Опасноста од поплави во Шпанија се уште не е помината

Фелипе Шести: Опасноста од поплави во Шпанија се уште не е помината

Мадрид, 31 октомври 2024 (МИА) - Метеоролошката епизода што ги предизвика страшните поплави во кои загинаа речиси 100 луѓе во провинцијата Валенсија, во југоисточна Шпанија, „се уште не е завршена“, изјави денеска шпанскиот крал Фелипе Шести.

Зборувајќи на церемонијата во Мадрид, шпанскиот монарх истакна дека „во некои случаи сè уште има проекции на ризик“.

Кралот уште еднаш го изрази своето „згрозување од катастрофата“ што го снајде регионот на Валенсија во вторникот вечерта и вчера вечерта.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика жителите на регионот Валенсија, кој е опустошен од смртоносните поплави, да „останат во своите домови“ бидејќи се уште има ризик.

Бројот на загинати, кој во моментов изнесува 95, ќе се зголеми поради бројот на лица кои се уште се водат како исчезнати, чиј точен број властите не го прецизираа, но може да биде неколку десетици, јавуваат шпанските медиуми.

Последиците од поплавите се многу слични на штетите предизвикани од силен ураган или цунами. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан