„Фајнал фор“ турнирот во Евролигата ќе се одржи без гледачи
- Завршниот турнир во кошаркарската Евролига ќе се одржи без гледачи, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.
Барселона, 28 април 2021 (МИА) – Завршниот турнир во кошаркарската Евролига ќе се одржи без гледачи, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.
- Одлуката која е донесена е непопуларна, иако лигата помина една година од откажувањето на последното финале, предвреме развивајќи голем број опции и сценарија со намера да им дозволи на навивачите да учествуваат на „Фајнл фор“.
Сепак, бидејќи здравјето и безбедноста на навивачите и учесниците останува главна грижа за сите, учеството на Ф4 сега ќе биде ограничено на тимовите, лицата ангажирани од организаторот и избрани претставници на медиумите. Сите ќе бидат предмет на строги хигиенски протоколи и упатства, се вели во соопштението на Евролигата.
Во четвртфиналето моменталните резултати во серијата прв до три победи се:
Барселона – Зенит 1:1
Милано – Баерн 2:0
ЦСКА – Фенербахче 2:0
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 2:1.
Завршниот турнир со четирите најуспешни екипи ќе се одржи од 28 до 30 мај во Келн. зс/