• среда, 13 ноември 2024

Фатен крадец од Виница, расчистени 12 кривични дела

Фатен крадец од Виница, расчистени 12 кривични дела
Скопје, 9 јули 2022 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница, вчера по преземени мерки и активности расчистија 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период, соопшти Министерството за внатрешни работи. Притоа, како што се посочува, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил. По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави, информираат од МВР. рп/мд/        

Остани поврзан