• недела, 10 ноември 2024

Фанка Јанчулева Михаиловска ќе го води судскиот процес против Мухамед Зеќири

Фанка Јанчулева Михаиловска ќе го води судскиот процес против Мухамед Зеќири
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба. Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. - Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт. Судијката Фанка Јанчулева - Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата. ар/сп/

Остани поврзан