• сабота, 27 јули 2024

Фазлагиќ: Македонија може само подобро во иднина

Фазлагиќ: Македонија може само подобро во иднина
Скопје, 4 септември 2021 (МИА) - Фудбалерот на Жилина и член на младата македонска репрезентација, Енис Фазлагиќ направи кус осврт на настап против Франција и ги сподели своите очекувања за претстојниот дуел со Србија. - Одигравме под очекувањата, свесни сме за нашите грешки. Франција е премногу силна, тоа го покажа и потврди на вчерашниот натпревар. Располага со многу квалитетни играчи кои играат во едни од најдобрите клубови во Европа, но тоа не е оправдување за нашата лоша игра, едноставно моравме да одиграме на едно повисоко ниво. Премногу ги респектиравме, правевме грешки, им дозволивме да се разиграат и да го покажат целиот свој квалитет. Мечот против Србија ќе биде многу поразличен од дуелот со Франција. Играме на домашен стадион, пред домашна публика во Охрид. Тоа е голем мотив за нас да се покажеме во добро светло и да освоиме бодови. Имаме одлична комуникација со новиот селектор, иако имавме многу малку време да се запознаеме и да се подготвиме за натпреварите. Постепено не запознава со неговите идеи и замисли, верува во квалитетот на оваа селекција. Може да очекуваме само подобра Македонија во иднина, изјави Фазлагиќ за веб-страницата на ФФМ. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски претпладнево ќе го имаат последниот тренинг пред заминувањето за Охрид. Натпреварот со Србија, втор од септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година, ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ на 7 септември со почеток во 16 часот. зс/

Остани поврзан