• сабота, 16 ноември 2024

Уште еден производ повлечен од српскиот пазар: Постои опасност од пожар и изгореници

Уште еден производ повлечен од српскиот пазар: Постои опасност од пожар и изгореници

Белград, 13 ноември 2024 (МИА) - Електричната ударна дупчалка POWER PLUS модел IMACT DRILL е повлечена од пазарот на Србија поради опасност од повреда, објавено е на веб-страницата на системот за пријавување небезбедни производи (НЕПРО), јави дописникот на МИА од Белград.

Тестирањето на производот утврди дека копчето за стартување на работа на дупчалката може да се заглави, што може да доведе до опасности во непредвидени околности и повреда на корисникот.

Како што е наведено, изолацијата на проводните жици што водат до куќиштето не може да издржи високи температури, па при долготрајно работење може да дојде до пожар и изгореници.

Електрична ударна дупчалка е од марката POWER PLUS модел IMACT DRILL- ударна дупчалка POWP2050 series 15-10-202200857/00514, моќност 1050W, напон 230-240v, фреквенција 50hr, и е наменета за дупчење дрво, метал, пластика и ѕидови.

Производот е спакуван во пластична кутија. Земјата на потекло е Белгија. об/

Остани поврзан